Крај на приказната: Спалети доби отказ од Италија


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Италија ќе остане без селектор, откако попладнево доаѓаат информации од Апенините дека Лучано Спалети е разрешен од должноста.

Пред натпреварот против Молдавија, пристигна ударна вест од Италија. Иако односот помеѓу искусниот експерт и Сојузот е полн со почит, се започна лошо во квалификациите за Светското првенство со поразот против Норвешка.

Норвежаните победија со 3:0, ги декласираа „Аѕурите“ и значително им го отежнаа патот во квалификациите каде што имаат за цел да се пласираат на Светското првенство следната година. Италијанците, како и Србија, само што го започнаа својот квалификациски циклус, додека Норвежаните веќе одиграа три меча и имаат максимален учинок. Израел е на второто место со шест поени.

Иако има време за поправки, Италијаните не сакаат ни час да чекаат и наскоро одлуката треба да биде официјализирана.

Фото: Grok AI