Ново правило за голманите на Светското клупско првенство


Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


На натпреварувањето организирано од ФИФА, Светското клупско првенство, се испробува уште еден нов фудбалски регламент кој може да резултира со значајни промени во играта. Овој правилник е насочен кон елиминирање на одолговлекувањето од страна на голманите, нешто што долго време е критикувано од фановите и експертите.

Според новото правило, голманите мора да ја изнесат топката за игра во рок од осум секунди откако ќе ја фатат под нивна контрола. Ако го надминат ова време, судијата има дискреционо право да додели корнер за противничката екипа, што претставува радикален потег за зголемување на динамиката на натпреварите и намалување на тактичкото губење време.

Оваа регулатива веќе е во примена и беше изведена на натпреварот помеѓу Улсан и Мамелоди. Главниот судија реагираше откако голманот не ја пушти топката во игра во даденото време, по што на противничката екипа и беше дадено право на корнер.

Фото: Принтскрин