Вимблдон: Ѓоковиќ го избегна најлошото сценарио на турнирот

Новак Ѓоковиќ го избегна најлошиот можен сценарио на ждребот за Вимблдон, бидејќи нема да игра во четвртфиналето со Јаник Синер или Карлос Алкараз.

Синер му е потенцијален противник во полуфиналето, а во четвртфиналето треба да го чека Џек Дрејпер. Претходно, Дрејпер на патот ги има Бублик и Меншик.

Од друга страна, Новак почнува против Французинот Александар Мулер, моментално 40. играч во светот кој ги загубил двата меча на трева оваа сезона, а во втората рунда го чека домашен играч – или Дан Еванс или Џеј Кларк.

Третата рунда би можела да донесе дуел со Алекс Микелсен, на кој му е прв противник Миомир Кецмановиќ. Српскиот тенисер го освоил единствениот меѓусебен меч, иако на земјена подлога, во Ештоил оваа година.

Во осминафиналето на Новак му е предвиден Алекс де Минор, кој на својот пат го има Томаш Махач.

Фото: Принтскрин