Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ пред почетокот на Вимблдон прими и не толку добра вест.
Тајлор Фриц, Американецот кој ја бранеше титулата во Истборн, успешно помина во финалето на турнирот.
На тој пат го совлада Алехандро Давидович Фокина, со што зачува 165 АТП поени. Доколку го освои турнирот, дополнителните 85 поени ќе го поместат точно пред Новак на АТП листата – и тоа за само 5 поени.
За Ѓоковиќ, кој моментално ја држи шестата позиција, ова може да има последици пред УС Опен.
Ако падне на седмото место, жребката би можела веќе во четвртфиналето да му донесе дуели против Јаник Синер или Карлос Алкарас.
Иако повеќепати нагласуваше дека рангирањето не му е приоритет, на практично ниво позицијата меѓу шесте најдобри има тежина, особено кога се работи за избегнување на најсилните противници во раните фази на турнирот.
Во финалето на Истборн, Фриц ги одмерува силите со Бруксби, а натпреварот е закажан за сабота од 17 часот.
Фото: Принтскрин