Мареска се изнервира по вчерашниот прекин: Луѓе, ова не е фудбал!


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тренерот на Челси, Енцо Мареска беше жестоко изреволтиран поради сето што се случуваше на Светското клупско првенство вчера.

Челси помина во четвртфиналето на Светското клупско првенство откако по продолженијата ја совлада Бенфика со 4:1.

Овој натпревар сепак беше одбележан со прекин поради грмежи и голема опасност од бура. Натпреварот започна во 16 часот по локално време, а заврши во 20:40.

Зошто во САД сите натпревари мора да се прекинат?

Безбедносните протоколи во Соединетите Американски Држави се многу стриктни и наложуваат дека спортските настани на отворено мора да се прекинат доколку се појават грмежи.

Грмежите во радиус од 13 километри предизвикуваат прекин на било која спортска манифестација најмалку 30 минути, и тоа е причината зошто неколку натпревари веќе беа прекинати.

Посебно лут по сето тоа беше Енцо Маresка кој беше разочаран како се одвиваше овој меч и зошто се прекина при резултат 1:0 во 86-тата минута од натпреварот.

“Среќен сум што ја освоивме победата, но тука се случуваат нешта кои никогаш не можам да ги сфатам ниту прифатам”, започна Маresка и продолжи:

„Луѓе, ова е шега. Ова не е фудбал. Разбирам дека натпреварот се прекинува поради безбедносни причини и ја поздравувам таа одлука.

Меѓутоа, тогаш ова веројатно не е соодветно место за играње фудбал. Прекинување на натпреварот на два часа никогаш не е фудбал, ниту ќе биде. Ужас“, посочи тој.

Фото: Грок AI