Митровиќ приреди шоу во соблекувалната на Ал Хилал (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Ал Хилал приредија големо изненадување на Светското клупско првенство, откако во осминафиналето го елиминираа Манчестер Сити по продолженија – 4:3!

Така, саудискиот клуб во следната фаза на натпреварувањето закажа дуел со бразилскиот Флуминенсе, кој, исто така, сите ги изненади и го елиминираше Интер од Милано (1:0), поранешниот клуб на сегашниот тренер на Ал Хилал – Симеоне Инзаги.

По големата победа, следуваше големо славје на играчите на Ал Хилал на теренот, а особено во соблекувалната на стадионот во Орландо.

За Ал Хилал не настапи поради повреда српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, но во соблекувалната приреди шоу и започна забава.

Фото: Принтскрин