Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Ал Хилал успеа да направи големо изненадување и во осминафиналето на Светското клупско првенство по продолженијата да го победи Manchester City со 4:3 и да се пласира во наредната рунда на натпреварувањето.
Беше јасно дека City има голема улога на фаворит во овој дуел, и веќе многумина ја гледаа екипата на Пеп Гвардиола во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Сепак, играчите на Ал Хилал имале што да кажат и успеаја да приредат најголемо изненадување во досегашниот дел од натпреварувањето кое се игра во Америка.
По првото полувреме ништо не навестуваше дека Граѓаните ќе доживеат пораз, бидејќи во деветтата минута веќе водеа со 1:0 кога Бернардо Силва ја погоди мрежата на Ал Хилал по асистенција на Гундоган.
Но, на почетокот на второто полувреме Ал Хилал прави пресврт. Прво Маркос Леонардо изедначи на 1:1 веќе во 46. минута, а само шест минути подоцна на асистенција од Кансело, Малком постигна гол за 1:2.
Тоа не го потресе премногу Manchester City, бидејќи англискиот клуб успеа да изедначи на 2:2 веќе во 55. минута, а овојпат во листата на стрелците се запиша Ерлинг Халанд.
До крајот на регуларниот дел од натпреварот резултатот не се промени, и натпреварот отиде во продолженија каде што видовме уште три гола.
Ал Хилал до новото водство пристигна во 94. минута кога Кулибали погоди за 2:3, но само десетина минути подоцна City повторно изедначи со гол на Фоден, кој постигна гол за 3:3 само неколку минути по влегувањето на теренот.
Иако се чинеше дека четвртфиналистот ќе биде одлучен по пенали, во 112. минута следуваше нов шок за Manchester City.
Маркос Леонардо со вториот негов гол на натпреварот му донесе на Ал Хилал ново водство погодувајќи за 3:4, што се покажа како конечен исход на фантастичниот натпревар во Орландо.
Here’s your 1-Minute Highlights – Presented by @Verizon
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 1, 2025
Watch the @FIFACWC | June 14 – July 13 | Every Game | Free | https://t.co/i0K4eUu4lJ | #FIFACWC #TakeItToTheWorld #MCIHIL pic.twitter.com/W8BEPlbCMp
Фото: Принтскрин