Тиквеш го претстави новиот германски инвеститор Осман Таш!


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци на почетокот на подготовките за новата сезона организираше прес-конференција на која формално го промовираше германскиот инвеститор, Осман Таш.

Инвеститорот истакна дека ќе направат неколку квалитетни засилувања за да изгради амбициозен и конкурентен тим, кој ќе се натпреварува за највисоките позиции во Првата македонска фудбалска лига.

„Пред почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, новиот газда акцент става на модернизација на тренажниот процес, професионален пристап кон фудбалерите, со максимална посветеност и влог во младите категории, за остварување на што подобри резултати во иднина, гледајќи го клубот во европските натпреварувања. Исто така најави отварање на голем фан-шоп во центарот на Кавадарци во соработка со навивачката група Лозари-Исток“, објавија од Тиквеш.

Фото: Принтскрин