Голем пресврт во Франција, Лион се спаси од историски срам


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Лион останува во најсилната лига на Франција, откако е прифатена жалбата на клубот, соопшти француската Лига 1.

Според соопштението, раководството на клубот, чиј играч е и Србинoт Немања Матиќ, успеале да обезбедат финансиски гаранции кои денес ги прифати Апелациониот одбор на дисциплинската комисија на француската Лига 1, по што беше поништена одлуката за исфрлање на клубот во понизок ранг.

Мишел Кан, новата претседателка на клубот, и Михаел Герлингер, новиот генерален директор, успеаја за кратко време, по 24 јуни и одлуката за исфрлање во понизок ранг, да ги решат горливите проблеми и да обезбедат финансиски гаранции за учество на клубот во Лига 1.

Лион новата сезона во Лига 1 ја отвора на 17 август со гостување на Ланс.

Фото: Принтскрин