Педро пристигна од плажата, постигна два евровола, па се извинуваше (Видео)

Фудбалерите на Челси се први финалисти на Светското првенство за клубови откако вечерва во полуфиналето го победија Флуминенсе со резултат 2:0.

Херојот во победата на “сините” беше новајлијата Жоао Педро, кој, откако од “плажата” и годишниот одмор се приклучи на тимот, вечерва постигна два евровола против својот матичен клуб, во 18. и 56. минута.

Енцо Мареска одлучи да игра за прв пат со напаѓачкото трио – Енкунку, Педро Нето, Жоао Педро, додека позади играа Кол Палмер и Енцо Фернандез.

Фото: Принтскрин