Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иако имаше договор за уште една година, од денес Џордан Хендерсон повеќе не е член на Ајакс.
Холандскиот гигант денес службено потврди дека Џордан Хендерсон го напушта клубот.
Хендерсон побара раскин на договорот, а раководството на Ајакс му ја исполни желбата и тој повеќе не е играч на тимот од Амстердам.
За причините Ајакс не наведе ништо, туку само му посака среќа на сегашниот веќе поранешен капитен.
Да потсетиме, Џордан Хендерсон пристигна во Ајакс во јануари 2024 година на бесплатен трансфер од Ал-Етифак.