Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Босанскиот фудбалер Един Џеко е нов играч на Фиорентина, соопшти денеска италијанскиот клуб.
Џеко (39) потпиша едногодишен договор со тимот од Фиренца, кој автоматски ќе се продолжи за дополнителна година ако се исполнат одредени услови.
Босанскиот напаѓач последните две сезони настапуваше за Фенербахче, за кој во минатата сезона одигра вкупно 53 натпревари, постигна 21 гол и забележа осум асистенции.
Пред доаѓањето во клубот од Истанбул, тој, меѓу другото, играше за Интер, Рома, Манчестер Сити и Волфсбург.
Капитан е на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, чии рекордер е и по број на настапи (141), и по број на постигнати голови (68).
Фото: Принтскрин