Јунајтед се брза: Ѓаволите нудат вистинско богатство за Мбеумо


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед ја испрати третата понуда за офанзивецот на Брентфорд, Брајан Мбеумо – која би можела да достигне вредност од 70 милиони фунти.

Клубот од Олд Трафорд понуди 65 милиони фунти фиксно за обештетување, плус уште 5 милиони преку бонуси.

Јунајтед сака да го доведе Мбеумо пред заминувањето на американската турнеја во вторник, каде ги очекуваат три подготвителни натпревари.

Дваесет и петгодишниот Мбеумо минатата сезона постигна 20 голови во Премиер лигата.

За крилниот напаѓач беа заинтересирани и други клубови – пред сè Тотенхем, кој сега го води поранешниот тренер на Брентфорд, Томас Франк, и Њукасл – кои Камерунецот ги одби. Сепак, Мбеумо изрази јасна желба да премине во Манчестер Јунајтед.

Во текот на претходната сезона, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, повеќе пати истакнуваше дека Јунајтед има проблем со реализацијата на шансите.

Со само 44 постигнати гола во Премиер лигата, тоа беше најслабото достигнување во домашното првенство од сезоната 1973/74. Тогаш Ѓаволите испаднаа од лигата. Јунајтед ова лето веќе го доведе офанзивецот Матеус Куња и дефанзивецот Диего Леон.

Фото: Принтскрин