Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лука Модриќ неочекувано се најде на мета на коментаторите на клупската телевизија на Барселона. Многу луѓе сметаат дека познатиот играч за врска е неоправдано понижен, а сега протекоа информации за неговиот наводен одговор до Каталонците.
Специјализираниот портал за случувањата во Реал Мадрид, Defensa Central, сега ја објави реакцијата на омаловажувањето од редовите на Барселона.
Хрватот не му даваше дополнително значење на проблемот, но не се двоумеше да одговори на пријателите кои му го испратија цитатот со коментарот од каталонските новинари.
“Освоив повеќе Лиги на шампиони отколку што тие имаат во својата историја… Не ме интересира што зборуваат”, беше приватниот одговор на Модриќ до неговите блиски пријатели според Defensa Central.
Фото: Принтскрин