Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Нов фудбалер на Евертон, Џек Грилиш, изјави дека постоело само едно место каде сакал да оди, откако преминал во тој клуб на позајмица од Манчестер Сити.
Грилиш премина од Сити на позајмица во Евертон до крајот на сезоната и е шестото засилување на ливерпулскиот клуб во летниот трансфер период.
Тој изјави дека разговорите со тренерот Дејвид Мојс биле пресудни за неговата одлука да премине на стадионот Хил Дикинсон.
„Многу сум среќен што потпишав за Евертон – ова за мене е огромно. Ова е фантастичен клуб со фантастични навивачи. Штом го имав разговорот со тренерот, знаев дека постои само едно место каде сакам да одам. Социјалните мрежи беа преплавени со пораки од навивачите на Евертон, така што постои и таа страна на приказната и тоа е уште една причина зошто го избрав Евертон“, рече Грилиш, пренесе BBC.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите за сите пораки кои веќе ги добив. Благодарам за љубовта и поддршката. Се надевам дека ќе можам да ви се оддолжам, сигурен сум дека ќе можам“, додаде 29-годишниот фудбалер.
Грилиш го избра бројот 18, кој го носеа легендите на клубот Пол Гаскојн и Вејн Руни.
„Моите два омилени англиски играчи отсекогаш биле Руни и Гаскојн. Штом дознав дека договорот е блиску морав да проверам дали бројот 18 е слободен што е совршено“, рече Грилиш.
Фото: Принтскрин