Додека Синер се жалеше на болка, Алкараз направи потег кој ги воодушеви фановите (Видео)

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на мастерсот во Синсинати. Алкараз ја освои титулата по предавањето на Јаник Синер во првиот сет при водство на Шпанецот од 5:0.

Италијанецот во текот на мечот неколку пати се фати за стомакот, а по петтиот гем побара медицинска помош. Како што не дојде до подобрување, одлучи да го предаде мечот. Се превиваше Синер од болките, не изгледаше добро, а Алкараз во тие моменти го заборави ривалството и реши да се обиде да му помогне на Јаник.

Карлитос му пријде на својот ривал, а снимката и фотографиите од оваа ситуација станаа вирални на социјалните мрежи и целиот свет зборува за потегот на Алкараз.

Фото: Принтскрин