Алонсо постави ултиматум за ѕвездата на Реал: Или се докажи или оди си!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа со доста мака на стартот на новата сезона ја победи Осаcуна (1:0), а многумина сметаат дека Хаби Алонсо повторно стави до знаење на еден од играчите што го чека во новата сезона и дека веројатно му е подобро да пронајде среќа во некој друг клуб.

Токму Мбапе беше тој што погоди од белата точка за 1:0 и трите бода за Кралевите. Сепак, по мечот најмногу се зборуваше за играчите кои Алонсо реши да ги остави на клупата.

Тоа особено се однесува на Родриго за кого со месеци се зборува дека е незадоволен од својот статус во Реал и дека смета дека заслужува да биде во стартната постава, но таквата желба не му ја исполни ни Алонсо.

Родриго и синоќа остана на клупата и шанса доби дури на средината од второто полувреме каде не се издвои особено.

Угледната Марка пишува дека мечот против Овиедо кој се игра во недела ќе биде клучен кога е во прашање судбината на Родриго во кралскиот клуб.

Се пишува дека Родриго најверојатно ќе добие шанса од првата минута и доколку ги оправда очекувањата ќе остане во Реал, но доколку тоа не го стори тогаш од Реал ќе му порачаат дека е најдобро да се разделат.

Фото: Принтскрин