Алкараз не кажа ни збор за Ѓоковиќ пред УС Опен: Се надевам дека ќе се сретнеме со Синер во финалето!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Свесно или несвесно, најдобриот шпански тенисер во овој момент, Карлос Алкараз, не рече ниту збор за Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата пред почетокот на УС Опен.

Сѐ повеќе се зборува за ривалството со Јаник Синер, а како што вели, со него има одличен однос надвор од теренот.

– Имаме почит еден кон друг и многу добар однос надвор од теренот. Мислам дека тоа е одлично. Сите гледаат што можеме кога играме еден против друг, мислам дека ја подигнавме летвата на врвот. Личностите не можат да го видат тој добар однос надвор од него, поради ривалитетот на теренот. Мислам дека тоа нѐ прави посебни.

Бидејќи Јаник е познат како некој што е многу добар на бетон, Алкараз вели дека и покрај тоа е подготвен да му се спротивстави.

– Би било нешто големо, мислам дека ги освои последните три Гренд слема на бетон, ако не грешам… Неверојатен тенис игра на оваа подлога. Се подготвувам за тоа да се сретнеме некаде. Тоа ќе биде спектакл. Се надевам дека ќе се сретнеме во финалето. Ако го победувам повеќе… Ќе има поголема цел!

Фото: Принтскрин

.