Колку е всушност Манчестер Јунајтед слаб откако го води Рубен Аморим?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на англискиот четвртолигаш Гримсби Таун приредија вчера сензација победувајќи го Манчестер Јунајтед во 2. коло од англискиот Лига куп со 12:11 по изведување на пенали. Малиот клуб од источниот брег на Англија извел така најголем подвиг во својата историја, додека Јунајтед претрпе ново големо понижување. Сè повеќе се пропитува останувањето на Рубен Аморим на местото тренер на тимот од Олд Трафорд.

Реакции од клубот во смисла на смена на тренерот или давање поддршка сè уште нема, но англиските медиуми се занимаваат со тоа прашање. Колку е успешен или неуспешен на клупата пишува и ББЦ кој детално истакна што Португалецот досега направил во клубот.

Ефектот на Аморим на клупата на Јунајтед:

  • Процентот на победи на Рубен Аморим во Премиер лигата изнесува само 24,7 проценти.
  • Неговиот ефект е полош од било кој тренер на Јунајтед по ерата на Сер Алекс Фергусон, а Дејвид Моис е со 50 проценти победи втор најлош.
  • Јунајтед победи само во 7 од 29 лигашки натпревари под негово водство.
  • Тимот минатата сезона освои само 42 бодови, што е најлош постигнат резултат во историјата на клубот откако се игра Премиер лигата.
  • Исто така завршија на рекордно ниската 15. позиција и постигнаа само 44 голови во целата сезона.
  • Од почетокот на сезоната 2024/25, меѓу клубовите од петте најсилни европски лиги, само Џенова од Серија А, која победи само во еден од првите 10 натпревари од минатата сезона, почесто останала без постигнат гол во првото полувреме отколку Манчестер Јунајтед.
  • Аморим водел 29 натпревари во Премиер лигата, но освоил само 28 бодови.
  • Против англиските клубови во куп натпревари, Аморим има една победа (против Арсенал по пенали во ФА Купот) и четири порази (Тотенхем и Гримсби во ЕФЛ Купот, Фулам во ФА Купот, Тотенхем во Европската лига).

Фото: Grok AI