Манчестер Јунајтед го засили својот тим, ангажирајќи нов голман со импресивна статистика (Фото)


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Во последните мигови од трансфер периодот, Манчестер Јунајтед реши да ја зајакне позицијата на голман, која беше сметана за најслаба точка на тимот. Клубот ангажираше нов голман од Белгија, Сене Ламенс, кој доаѓа од Ројал Антверп.

Клубот го официјализираше трансферот вчера доцна навечер, кога преку своите медиуми го потврди потпишувањето на договорот.

„Манчестер јунајтед со гордост објавува дека постигна договор со Сене Ламенс, кој ќе остане дел од клубот до јуни 2030 година“, стои во официјалното соопштение.