Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат вест што ги загрижува навивачите. Двајца истакнати експерти од одделот за погонски единици на Ферари се подготвуваат да преминат во нова екипа.
Според извештаите на Corriere dello Sport и порталот Autoracer, Ферари наскоро ќе остане без Волф Цимерман и Ларс Шмит.
Тие двајца се клучни луѓе во одделот за развој на мотори, а наводно ги чека нов предизвик во Ауди.
Германскиот производител ја презема екипата Стаке оваа зима и веќе привлекува внимание од големи имиња.
            











