Светислав Пешиќ повеќе не е селектор на Србија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот стручњак одлучи да се повлече по дебаклот на Србија на Европското првенство и исфрлањето од Финска во осминафиналето. Тоа го соопшти во интервју за ‘Политика’.

Според зборовите на Пешиќ, Кошаркарската федерација на Србија веќе активно ја бара неговата замена, а тој учествува во изборот.

“Дојде време да се најде нов тренер кој ќе биде способен да продолжи она што го започнавме. Ветив на Човиќ дека ќе ја исполнувам до крај улогата која ми ја додели при изборот на новиот селектор,” рече Пешиќ.

Познатиот ‘Кари’ изминатите денови беше под голем притисок од јавноста. Многу стручњаци му порачаа дека е најдобро да излезе во пензија.

76-годишната тренерска легенда студено ги одби сите критичари. Беше брутален.