Гвардиола го прашале Халанд или Исак: Ерлинг не би го заменил ни за Меси или Роналдо…


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола повторно покажа колку му верува на својот напаѓач Ерлинг Халанд. Повод беше изјавата на новиот тренер на Ливерпул, Арне Слот, кој оцени дека Александер Исак во моментов е најдобриот напаѓач во светот. Англиските новинари веднаш беа заинтересирани дали Гвардиола го дели тоа мислење и како го споредува Халанд со шведскиот голгетер.

– Халанд го ставам малку погоре. Исак е исклучителен играч, но ме прашавте за Ерлинг и тој е врвен.“

Гвардиола потоа додаде дека и Исак многу го цени, но изненади многумина кога нагласи дека според негово мислење Норвежанецот има предност и во однос на најголемите легенди:

– Исак е веројатно врвен фудбалер штом толку го платија. Некој друг би можел да го наведе Ембапе, Меси или Кристијано Роналдо, но јас не би го заменил Ерлинг за никого.“