Среќата е надвор од „Олд Трафорд“ – тоа го знаат Рашфорд, Онана, Ентони…


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Неколку поранешни фудбалери на Манчестер Јунајтед ја пронајдоа среќата далеку од „Олд Трафорд“.

Јунајтед во последниве години стана некој вид проколната куќа за многу и најскапо платени фудбалери од кои немал број завршија безславно својата мисија во клубот.

Како да нивното само присуство во клубот ги ослабуваше фудбалските вештини кои ги донесоа во славниот тим. Лошиот избор на тренери дефинитивно не им помогна да станат она што и тие, и сите околу нив, очекуваа дека ќе бидат во тимот.

Не ги исполнија големите очекувања и големите вложувања, поради широк спектар фактори. Заминаа недоречени, со подеми и падови. Повеќето од нив беа запомнети, на крај, како промашувања. 

А денес, далеку од „Олд Трафорд“, токму тие, токму тој Рашфорд, Она, Хојлунд, Ентони, Мектомини, блескаат. Во Јунајтед сега сигурно си ги чешаат главите по бравурите на Рашфорд против Њукасл во дресот на Барселона (даде два гола во победата 2:1), сфаќаат дека Она сепак не е толку слаб голман по извонредните настапи на Камерунецот во две средби на турското првенство (со осум одбрани против Фенер, имаше асистенција за израмнувачкиот гол на Трабзон).

На „Олд Трафорд“ разбираат дека можеби погрешиле и со Ентони, рекордно платеното засилување од Ајакс пред три сезони. Толку лесно се ослободија од него, убедени дека тој, сепак, не е материјал за клубот. А можеби само не знаеја како со него. Умешност е и да се најде „жицата“ на играчот.

Ентони денес, по феноменалната полусезона на заем во Бетис, е најдобар играч на зелено-белите кои му дадоа траен договор во меѓувреме.