Гвардиола: Родри не е во состојба да игра три натпревари неделно


Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска ↓↓↓


Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер Сити, изјави дека не знае дали играчот од средниот ред Родри (29) ќе настапи во среда на натпреварот од Лигата на шампионите на гости кај Монако, додавајќи дека шпанскиот репрезентативец моментално не може да игра три натпревари неделно.

Добитникот на Златната топка 2024 за најдобар фудбалер во светот беше отсутен од теренот осум месеци поради тешка повреда на коленото. Поради тоа, пропушти речиси целата мината сезона и се врати на терен кон крајот на мај. Но, на Светското клупско првенство ова лето во САД, заработи повреда на препоните.

Во новата фудбалска сезона забележа пет настапи за Сити, при што четири пати беше во почетниот состав. Меѓутоа, на саботниот премиерен натпревар против Барнли, кој Сити го доби со 5:1, не беше во тимот.

„Родри се чувствуваше лошо ден пред натпреварот со Барнли. Денес се чувствува многу подобро, па ќе видиме. Не е иста ситуација како на Светското клупско првенство, сега не е повреден. Мислам дека моментално не е во состојба да игра три натпревари неделно на највисоко ниво. За целосно закрепнување од таква повреда потребно е барем една година”, рече Гвардиола во вторник на прес-конференција.