Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во Цирих, во четвртокот се одржа состанок на Советот на ФИФА, при што домаќинството на Светското првенство за играчи до 20 години беше доделено на Азербејџан и Узбекистан. Она што светот го очекуваше – не се случи. Нема зборови за исклучување на Фудбалската федерација на Израел од Меѓународната фудбалска федерација и нејзините натпреварувања.
Во светлината на „глобалните тензии и геополитички конфликти“ првиот човек на ФИФА во својот поздравен говор „ја истакна важноста на промоцијата на мирот и единството, особено во контекст на сето она што се случува во Газа“.
„Како ФИФА, посветени сме на тоа да ја користиме силата на фудбалот за да ги зближиме луѓето во поделен свет. Нашите мисли се со оние кои страдаат во многубројните конфликти што постојат во светот, а најважната порака што фудбалот може да ја испрати сега е пораката за единство и мир.
ФИФА не може да ги решава геополитичките проблеми, но може и мора да го промовира фудбалот ширум светот истакнувајќи ја неговата моќ за обединување, образование, културни и хуманитарни вредности“, изјави Инфантино.