Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер сити доминантно го совлада Борнмут во рамките на десеттото коло на Премиер лигата, а Пеп Гвардиола имаше многу интересна изјава.
„Граѓаните“ се опоравија по поразот од Астон Вила во претходното коло и се искачија на второто место на табелата, престигнувајќи го токму Борнмут кој го совладаа оваа вечер.
Се врати насмевката на лицето на Пеп Гвардиола, најзаслужен за тоа беше Ерлинг Халанд кој постигна два гола. На конференцијата по завршувањето на натпреварот, Гвардиола имаше интересна забелешка поврзана со борбата за титулата:
– Се надевам дека Арсенал еден ден ќе прими гол, зарем не – ироничен беше Гвардиола.
Арсенал има убедливо најдобра одбрана во лигата. Лондонскиот клуб е на прво место на табелата, а по десет натпревари примиле само три гола.
            















