Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Тотенхем, Дестини Удоги, наводно бил жртва на шокантен инцидент во кој неговиот поранешен агент му се заканувал со пиштол на улица во Лондон, објави британскиот “Сан”.
Инцидентот се случил на 6 септември, кога 21-годишниот фудбалер, проценет на околу 68 милиони евра, шетал со пријател во делот на градот Барнет. За време на конфликтот со агентот, кој наводно изби бидејќи Удоги решил да ја прекине соработката, ситуацијата ескалирала до закана со оружје.
Портпаролот на Тотенхем потврди дека клубот стои зад својот играч:
– Ние му даваме поддршка на Дестини и неговото семејство од моментот на инцидентот и ќе продолжиме да го правиме тоа. Бидејќи станува збор за правна постапка, не можеме дополнително да коментираме.
Полицијата потврди дека примила пријава дека човек во дваесеттите години бил загрозен со огнено оружје околу 23.14 часот. Во текот на истрагата било откриено и дека истиот осомничен наводно уценувал и се заканувал на уште еден млад човек.
– Никој не е повреден. Човек на возраст од 31 година е уапсен на 8 септември под сомнение за поседување оружје со намера, уцена и возење без дозвола. Тој е пуштен со кауција додека трае истрагата – се наведува во соопштението на полицијата.
















