Меси со два гола и асистенција го одведе Мајами во полуфинале на Истокот (Видео)

Лионел Меси со феноменална игра го одведе Интер Мајами во полуфиналето на Источната конференција во МЛС. Во одлучувачкиот натпревар со Нешвил, Меси даде два гола и една асистенција, со што беше клучен во победата од 4:0, односно во вкупната победа од 2:1 во серијата.

Меси за 1:0 постигна гол во десеттата минута со удар по земја од нешто повеќе од 16 метри, а 2:0 зголеми во 39-та минута од слична ситуација, но овојпат на празен гол. Во 76-та минута Тијаго Алмада погоди за 3:0, а три минути подоцна Меси му асистираше за конечни 4:0.

Покрај тоа што со брилијантната игра го одведе Интер Мајами во следната фаза на натпреварувањето и за тоа на „Софаскор“ заработи оценка 10, Меси исто така достигна и јубилеј. Асистенцијата на Алмада му беше дури 400-та во кариерата.