Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Фудбалерите на Бенфика синоќа ја комплетираа лошата недела откако по поразот против Бајер од Леверкузен во Лигата на шампионите, испуштија два гола предност против Каса Пија, одигрувајќи само 2:2 во натпревар кој ќе остане запаметен по жестокиот напад на тренерот на домаќините Жозе Мурињо на судиската тројка.
Кога Вангелис Павлидис во 60. минута од пенал ја удвои предноста на “орлите” против еден од послабите тимови во лигата, изгледаше дека тимот на Мурињо рутинирано ќе го заврши мечот во последните половина час, но се покажаа слабости кои сѐ повеќе ги имаат тимовите на чиишто клупи седи овој трофеен стручњак.
Особено спорен беше вториот гол на гостинскиот тим, постигнат во дополнителното време, поради што Мурињо веднаш по последниот судиски свиреж влета на теренот за да се пресмета со арбитрите, а таму беше и техничкиот директор на Бенфика Марио Бранко.
Фуријата на Мурињо се почувствува и на прес-конференцијата по натпреварот, истакнувајќи дека пеналот кој беше досуден за Каса Пија, никаде во светот не се свири.
„Љубезен сум кога велам дека е само грешка. Сериозен пропуст и на ВАР собата. Има и наша вина што не го решивме натпреварот порано. Ние на 2:0 ја затворивме средбата, но судиите и ВАР ја отворија,” сликовито рече Мурињо по завршувањето на натпреварот.
.Бенфика прими гол во 90+1 минута и израмни на Каса Пија на 2-2. Жозе Мурињо и Марио Бранко на крајот на натпреварот реагираа на судиите.pic.twitter.com/87MRMsreQZ
— Asist Analiz (@asistanaliz) 10 Ноември, 2025
















