Родриго нема дадено гол за Реал во последните 29 натпревари!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Реал Мадрид нема трет напаѓач, кога не оди Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе, Родриго не е тој на кого тимот се потпира.

Чаби Алонсо од почетокот го постави Родриго на клупа, а според покажаното досега, не многу згреши.

Бразилецот од доаѓањето на Алонсо одиграл 16 натпревари, но на теренот поминал само 452 минути, а не постигнал ниту еден погодок.

Но, ниту тоа не е сè, бидејќи Бразилецот не постигнал ниту еден гол на последните 29 натпревари во дрес на Реал Мадрид.

Верувале или не, Родриго последен пат постигнал гол на 4 март оваа година во натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Од тогаш, постигнал само еден гол во пријателски натпревар против Тирол, додека за репрезентацијата на Бразил постигнал два гола, во последната октомвриска пауза против Јужна Кореја.