Неверојатни сцени во Бергамо, Џеко ги молеше навивачите (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


По поразот од Аталанта со резултат 2:0 во Бергамо, фудбалерите на Фиорентина завршија пред трибината каде што се наоѓаа нивните навивачи!

Един Џеко беше тој што прв пристапи кон гостинската трибина за да ја разјасни ситуацијата по контроверзиите од натпреварот со АЕК во Лигата на конференции, кога репрезентативецот на БиХ ги прозва навивачите поради, како што рече, „недостаток на поддршка и свирежи по првите грешки на тимот.”

Италијанските медиуми пишуваат дека разговорот минал без поголеми тензии, а на повикот на навивачите се одзва и капитенот Лука Раниери, додека Џеко во еден момент земал мегафон и им се обратил на нешто повеќе од илјада приврзаници на Виола кои дошле во Бергамо.

Од трибината “Курва Суд” на стадионот “Њу Баланс” брзо се разлеа порака: „Сакаме единаесет лавови!“

Тренерот на Фиорентина Паоло Ваноли им се заблагодари на навивачите за поддршката и покрај тешкиот период.

– Откога ја преземав екипата, јасно им велам каква е реалноста. Благодарен сум на навивачите затоа што и тие ја разбраа. Знаат колку се важни и што се со нас и покрај пласманот на табелата – рече Ваноли по натпреварот.

.