Игор Ангеловски поднесе оставка – повеќе не е тренер на Етникос Ахна


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Македонскиот тренер Игор Ангеловски остана без ангажман, откако реши да поднесе оставка од Етникос Ахна од Кипар.

Ангеловски со неговата екипа беше во лоша серија поради што реши да го напушти кормилото.

„Денес остварив состанок на мое барање со претседателот на @ethnikosachnasfc г. Кikis Philippou и ја поднесов мојата оставка на позиција главен тренер, а заедно со мене заминува и мојот асистент @milanilievski7 .

Победите и поразите се составен дел од фудбалската игра но оставката е чин на морална одговорност.

Му благодарам на претседателот за укажаната доверба, на сите вработени, навивачи и фудбалери за соработката.

Им посакувам понатамошни успеси во иднина на личен и професионален план“, објави Ангеловски.