Русите го конфискуваа имотот на светскиот боксерски шампион


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Олександр Усик, светски шампион во бокс во тешка и крузер категорија, се најде во центарот на нов геополитички скандал.

Руските власти му конфискуваа имот на Крим, тврдејќи дека ги финансирал украинските вооружени сили.

Владимир Константинов, претседател на парламентот на Крим поставен од Русија, објави на Телеграм дека на списокот “национализирани” имоти е додадено и она на познатиот боксер Усик, заедно со уште 84 физички и правни лица.  

Константинов го објасни овој потег со следниве зборови: 

“Целта е да се идентификуваат имоти на сите кои можат да ја загрозат безбедноста на Руската Федерација и Крим и да се спречи секоја активност насочена против нашата земја”. 

Усик оваа година ги обедини појасите од сите верзии на тешката категорија, а тоа го беше и во велтер.

Олимпискиот шампион од Лондон 2012 година, за првпат станал неоспорлив светски шампион во 2020 година и е единствениот боксер во историјата кој бил таков во двете најтешки категории во ерата на четири појаси – WBA, WBC, IBF и WBO.