Криза го тресе европскиот великан, човекот зад златната ера поднесе оставка


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Претседателот на шкотскиот фудбалски великан Селтик Петер Лоуел на крајот од годината ќе го напушти клубот поради “злоупотреба и закани”. Лоуел ќе се повлече на 31 декември, а него ќе го замени актуелниот извршен директор Брајан Вилсон, соопшти клубот.

“Со тага ја соопштувам мојата одлука, заминувам од местото претседател на Селтик. Верувам дека моите 18 години како главен извршен директор и три години како претседател на клубот покажаа мојата способност за соочување и надминување на предизвици на многу фронтови, но злоупотребата и заканите од некои извори се зголемија и сега се неподносливи,” стои во изјавата на Лоуел на клупската веб-страница.

“Заканите ја згрозиле и нарушиле мојата фамилија. Во оваа фаза од мојот живот, ова не ми е потребно. Не можам да го прифатам тоа и затоа го напуштам клубот кој ми беше драг цел живот,” додаде тој.

Во текот на неговите повеќе од 20 години во клубот, Селтик освои 38 трофеи, редовно настапува во европските купови, Селтик Парк е модернизиран, а изграден е и тренинг центар во Ленокстаун.