Елмас во стартниот состав: Наполи тргнува по трофејот во Суперкупот на Италија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Наполи вечерва од 20:00 часот ќе ја има шансата да стигне до нов трофеј, откако ќе се соочи со Болоња во финалниот натпревар од Суперкупот на Италија.

Во стартниот состав на актуелниот шампион ќе се најде и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој доби доверба од тренерот Антонио Конте.

Наполи има успешна историја во ова натпреварување, со две титули освоени во минатото – во 1990 и 2014 година.