Бомба од Островот! Манчестер Сити го завршува трансферот вреден 75 милиони евра


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Трансферот на Антоан Семењо во Манчестер Сити влегува во завршна фаза. Борнмут прифати репрезентативецот на Гана повеќе да не игра за клубот и е финализиран договорот со шампионот на Англија, пренесува TEAMtalk.

Манчестер Сити сакаше да го заврши договорот уште во првите денови од зимскиот трансфер период, додека Борнмут се обидуваше да го задржи играчот барем до натпреварот со Тотенхем на 7 јануари, на неговиот 26-ти роденден. Тренерот Андони Ираола претходно изјави дека се надева Семењо да биде на располагање и за дуелите против Арсенал и Тотенхем.

Сепак, по настапот против Челси на 30 декември, Семењо јасно порача на клубот дека сака да го заврши трансферот во Манчестер Сити. Борнмут потоа на Нова година го извести Сити дека дава зелено светло за неговото заминување, а двата клуба сега ги завршуваат последните детали.

Семењо наскоро треба да пристигне на лекарски прегледи во северозападна Англија, додека личните услови на договорот веќе се договорени. Манчестер Сити за неговиот трансфер ќе плати 65 милиони фунти.

Офанзивецот на Борнмут оваа сезона има осум голови и три асистенции во Премиер лигата. Неговиот тим, по добриот старт, падна на 15-то место на табелата, без победа во првенството уште од октомври.