ЕХФ ги избриша Начевски и Николов од ЕП 2026


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Европската ракометна федерација (ЕХФ) покрена постапка против двајцата судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски поради сомнежи за манипулација со видео-снимки доставени пред почетокот на ЕХФ ЕУРО.

„Процедурата е дел од стандардниот процес со кој ЕХФ ја проверува физичката подготвеност на судиите и нивната усогласеност со строгите перформансни критериуми на турнирот. Во рамки на тој процес, судиите се обврзани да достават две видео-снимки од т.н. „Мултистејџ фитнес тест“ – една осум недели и една четири недели пред шампионатот. Снимките ги анализира официјалниот фитнес-партнер на ЕХФ, компанијата Fitgood Pro.

По доставувањето на материјалите од Николов и Начевски, кон крајот на декември ЕХФ добила информација дека видеата можеби не претставуваат целосен и автентичен запис од тестирањето. Поради сериозноста на сомнежите, федерацијата побарала дополнителна експертска анализа од Fitgood Pro, а целокупниот материјал бил проследен и до интегритетниот партнер на ЕХФ, Sportradar.

Спроведената детална анализа открила докази кои укажуваат на висока веројатност дека видео-снимките биле манипулирани, што отвори сериозни прашања околу нивната веродостојност“, објавија од ЕХФ.