Пеп Гвардиола повеќе не е недопирлив и затоа сите го поставуваат истото прашање


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Статистика која вчера изгледаше незамисливо денес е сурова реалност. Манчестер Сити губи, Пеп Гвардиола бара одговори, а времето немилосрдно тече. 

Пеп Гвардиола во последните 12 месеци доживеа дури 15 порази на клупата на Манчестер Сити.

Тоа е најголемиот број загубени натпревари во кој било едногодишен период од неговата тренерска кариера.

Човекот кој со години го редефинираше модерниот фудбал, доминираше во лигите и ги кршеше ривалите, сега се соочува со бројки кои не го штедат.

За тренер од рангот на Пеп, оваа статистика не е само аларм – тоа е сирена за тревога.

Манчестер Сити повеќе не делува непобедливо. Исчезна таа препознатлива контрола на натпреварите, сигурност во поседот и чувството дека е само прашање на време кога противникот ќе падне.

Навивачите на Манчестер Сити, навикнати на трофеи и доминација, првпат сериозно ја доведуваат во прашање иднината на својот тренер.

На социјалните мрежи се повеќе коментари кои го поставуваат истото прашање – дали Пеп ја изгубил соблекувалната?

Во модерниот фудбал, тоа е момент од кој ретко кој се враќа. Особено ако со години си бил синоним за авторитет, дисциплина и јасна хиерархија.