Еве кога Новак Ѓоковиќ ќе игра натпревар во третата рунда на Австралијан Опен

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, во сабота ќе го одигра натпреварот од третата рунда на Австралијан Опен против Ботик ван де Зандшулп, а организаторите сега ја одредија и временската рамка и местото каде и кога ќе се одржи дуелот на Србина и Холанѓанецот.

Праведно е да се каже дека стадионот на кој ќе игра Новак воопшто повеќе не се доведува во прашање. Би било огромен шок ако не го видовме на Род Лејвер арената каде е сега сместен, во третата рунда.

Тој и ван де Зандшулп ќе излезат на терен во 09 часот по македонско време.