Онана повторно во Интер?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Андре Онана, камерунскиот репрезентативен голман кој оваа сезона е на позајмица од Манчестер Јунајтед во Трабзонспор, би сакал да се врати во Интер.

Во клубот кој моментално е прв во Серија А, играше во сезоната 2022/23, со него го освои италијанскиот куп и суперкуп и беше финалист во Лигата на шампионите. Потоа потпиша за Јунајтед во трансфер вреден 50 милиони евра.

Иако не се откажува од кариерата на Олд Трафорд, не би имал ништо против да се врати во Интер. Неговите претставници започнале разговори со италијанскиот клуб.