Манчестер јунајтед најде замена за Доргу?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед би можел да тргне по Кадер Меите по повредата на Патрик Доргу, пишува The Guardian.

Доргуа има проблем со задната ложа и може да биде отсутен неколку недели, па поради тоа се спомнува дека Јунајтед сега разгледува доведување замена како покритие во нападот.

Меите игра како напаѓач на Ренес. Има 18 години, оваа сезона постигна три гола во Лига 1, а францускиот У-21 репрезентативец привлече интерес од Ал Хилал.

The Guardian наведува дека Јунајтед наводно веќе стапил во контакт со претставниците на Меите додека одлучуваат дали да доведат класична деветка или крилен играч.