Неверојатно: Пакета поради Фламенго одбил понуда од англиски гигант!?

Лукас Пакета беше претставен како ново засилување на Фламенго, кој постави рекорд за неговото враќање од Европа. 

Фламенго плати 42.000.000 евра за трансферот од Вест Хем, а Паќета во разговорот со новинарите во Рио откри дека имал примамливи понуди да остане во Премиер лигата и да се натпреварува во Лигата на шампионите.

„Тотенхем се јави, а потоа и Челси. Интересно, мојот агент ме повика возбудено да ми каже дека имаме понуда од Челси и дека ќе ја испратат до Вест Хем. Му одговорив дека сакам да чекам за Фламенго и да се вратам”, откри Пакета.

Да потсетиме, Бразилецот пристигна во Европа како голем талент во Милан, потоа преку Лион и Вест Хем повторно се врати во Фламенго.

Во седум години во Европа одигра над 250 натпревари, но срцето посакуваше назад и тоа на својот врв, бидејќи има 28 години.