Синоќа го заборавија Јамал: Нова ѕвезда се роди на Камп Ноу (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанецот вечерва експлодираше против Мајорка. Неговиот гол е доказ дека Барселона има нова ѕвезда.

Марко Бернал долго ја чекаше својата шанса. Сезоната за него не беше лесна – сериозна повреда го држеше долго надвор од теренот, а многумина веќе зборуваа дека би можел да го напушти клубот зимава.

Флик, како и минатата сезона со Ерик Гарсија, остана при својот став – сметаше на Бернал и бараше од него трпение. И Бернал му веруваше.

А потоа дојде мечот против Мајорка и Бернал покажа зошто издржа. Неговиот гол е вистинска фудбалска лекција: совршено поставување на позицијата, експлозивен спринт, дриблинг низ противничката одбрана и прецизен удар за третиот гол на Барселона таа вечер.

И сите почнаа да зборуваат за него на ист здив со Серхио Бускетс – само што овој гол популарниот ‘Буси’ никогаш не го постигна.