Немир во соблекувалната на Реал Мадрид: Уште еден фудбалер е незадоволен


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Немирите во соблекувалната на Реал Мадрид продолжуваат. По неизвесноста околу иднината на Дани Карвахал, кој се споменува како сигурен заминувач на крајот од сезоната, нов повод за загриженост во таборот на „кралевите“ е незадоволството на Давид Алаба.

Австрискиот интернационалец не е среќен со улогата што ја има во тимот и ограничената минутажа што ја добива во актуелната кампања.

Според информациите, искусниот дефанзивец отворено го искажал разочарувањето и побарал појаснување од тренерот Алваро Арбелоа за причините поради кои ретко добива шанса.