До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Сити влезе во клучниот дел од сезоната, а Пеп Гвардиола доби уште едно засилување.
Бразилецот Савињо се враќа на теренот по повеќенеделна пауза, а Гвардиола е импресиониран од тоа што го гледа на тренингот.
„Савињо можеше да игра и против Салфорд, но сакавме да го зачуваме за предизвиците што следат. На последниот тренинг беше одличен, она што го видовме беше “ВАУ”. Кога ќе стане поконкретен во однос на асистенции, ќе биде врвен крилен напаѓач и тоа на двата краја“, рече Пеп Гвардиола.
Исто така, во тимот се враќа и Жереми Доку по кратка пауза, што значи дека Пеп во клучниот дел од сезоната ќе ги има на располагање сите свои сили, во офанзивата се тука сега и Семењо, Шерки, Фоден, Савињо, Доку, Мармуш…
Да потсетиме, Сити заостанува четири бода зад Арсенал, со кого се сретнува и во финалето на Лига купот, додека во Лигата на шампионите чека противник во осминафиналето, жребот е на 27 февруари.
















