До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид победија на гостувањето кај Бенфика со 1:0 во првиот меч од плеј-офот за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, а натпреварот го одбележа сериозен инцидент на теренот во кој главните актери беа Џанлука Престијани и Винисијус Жуниор.
Во 50. минута, Винисиус со мајсторски удар од работ на шеснаесетникот ја погоди малата мрежа и им донесе предност на мадриѓаните. При прославата ги провоцираше домашните навивачи, па веднаш доби жолт картон, а потоа влезе во конфликт со фудбалерите на Бенфика.
Раководителите на Европската куќа на фудбалот издадоа соопштение, но останаа воздржани од коментари.
„Официјалните извештаи од натпреварите што се одиграа минатата вечер се во процес на анализа. Сите пријавени детали кои би можеле да доведат до дисциплински санкции ќе бидат објавени на веб-страницата. Немаме дополнителни информации за јавноста ниту имаме понатамошни коментари во оваа фаза на истрагата”, стои во соопштението на УЕФА.
















