Ништо од кам-бекот: Анчелоти го „откачи“ Реал – позната е неговата иднина


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Без разлика на новите шпекулации дека по Светското првенство во 2026 година би можел повторно да седне на клупата на Реал Мадрид, искусниот стратег Карло Анчелоти нема намера да се враќа во шпанската престолнина.

Како што пренесува The Athletic, италијанскиот тренер е подготвен да ја продолжи својата авантура со репрезентацијата на Бразил. Наместо кам-бек на „Сантијаго Бернабеу“, Анчелоти треба да потпише нов четиригодишен договор со бразилската селекција, со што долгорочно ќе ја врзе својата иднина со „Селесао“.

Со ваквиот потег, Бразил јасно става до знаење дека има целосна доверба во трофејниот тренер, кој треба да ја предводи селекцијата и по Мундијалот во 2026 година.