До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ејми Кар, поранешна играчка на Челзи и Арсенал, почина на 35 години по битка со тумор.
Кар се бореше против оваа смртоносна болест цели 11 години, на крајот туморот на мозокот го одзеде нејзиниот живот. Туморот и беше дијагностициран во 2015 година и од тогаш започна нејзината борба. Поранешната голманка на Челзи, Арсенал и Рединг беше информирана крајот на 2025 година дека болеста напредувала и дека ќе има многу малку време да живее.
Во 2024 година, Кар трчала маратон во Даблин за хуманитарни цели, токму во борбата со туморот. Беше членка на репрезентацијата на Англија во помлади категории и експертите и предвидуваа голема кариера.
Од неа се прости и организацијата што се занимава со борба против тумори:
– Со голема тага ја примивме веста дека Ејми Кар почина по борба со тумор на мозок на 35 години.
















