До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Само неколку часа по испаѓањето на Манчестер Сити по трет пат по ред од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, извештаите од Англија сугерираат дека Пеп Гвардиола би можел да го напушти Етихад на крајот од сезоната.
Според “Daily Mail”, клучен состанок помеѓу Пеп Гвардиола и управата на Манчестер Сити ќе се одржи во наредните денови, а главната тема на разговорот ќе биде неговата иднина како менаџер на манчестерскиот клуб. Меѓутоа, состанокот ќе се одржи откако менаџерот ќе земе кратка пауза за да размисли и разгледа различни опции.
Пред да дојде во Сити, Гвардиола во 2026 година одлучуваше за релативно кратки тренерски епизоди. Помина четири сезони како тренер на првиот тим на Барселона и три во Баерн Минхен. Сега ги води „Граѓаните” десет сезони по ред, а договорот му истекува во јуни 2027.
















